Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од негативните емоции

Време е за промена

Ако се прашувате како можете да се ослободите од негативните емоции кои ве измачуваат со месеци, години ако не и декади, одговорот е во новата револуционерна квантно-енергетска метода
"The Emotion Code", креирана од американскиот Д-р. Бредли Нелсон. "Emotion Code" е безбедна, нежна, неинвазивна метода на исцелување, која се базира на тоа да, ако се отсрани причината која довела до одреден дисбаланс, телото само ќе се исцелува. Тој утврдил дека причината во 90% од случаевите се токму негативните емоции кои на некој начин останале заглавени во нашето тело, односно во нашиот енергетски систем. Со нивно отстранување телото врши ребаланс на својата енергија и со тоа го враќа своето ментално, емоционално и физичко здравје. Просто и едноставно, затоа е и револуционерно, а ја нарекуваат и квантна метода затоа што перфектно работи и на далечина, односно вашето физичко присуство не е задолжително. Се што е потребно од вас е вашето име, возраст и согласност дека дозволувате да се работи на вашите емоции. И секако убаво е да сте отворени за еден поинаков, неверојатен и изненадувачки моќен вид на исцелување. Оваа енергетска метода се практикува кај луѓе од сите возрасти, мали деца, па дури и кај бебиња.
Сигурно ќе се запрашате kако може едно детенце/бебенце да има негативна емоција кога е мало, чисто и невино. За да стане појасно, треба да знаете дека емоциите се форма на енергија, која можеме да ја апсорбираме од луѓето во наша близина како родители, другарчиња, пријатели, енергија која исто така може да ја имаме наследено од нашите родители или од нашите предци. Подарете си емоционално чистење, ослободете се од товарот кој го носите, почуствувајте мир, леснотија, радост, намалете го стресот, и дозволете му на телото да се самоисцелува за поурамнотежен и посреќен живот.
Emotional-Healing
Што е  Емоција?

Каков би бил нашиот живот без емоции? Дали би знаеле што е радост, љубов, тага, лутина? На каков начин би се изразувале нашите состојби? Да се живее во свет без емоции сигурно би било необично. Но што е Емоција?

Што е “The Emotion Code”?

За да се разбере како функционира енергетското исцелување треба да се знае дека сè во универзумот, според квантната физика, е енергија. Кога се размислува за тоа од што е направено човечкото тело, прво што...

Што е Потисната/Заробена Емоција?

Низ животот, од моментот на раѓање па се до сегашниот миг, се случуваат настани во кои секојдневно се изразуваат нашите чувства и емоции. Моментите на среќа, радост, и љубов споделени со семејството...

break-through-heart-wall-scaled
Енергетски ѕид околу срцето

Срцeто е многу повеќе од тоа што знаеме за него како најважен орган во нашето тело. Тоа е извор на љубов и креативност. Но што ако таа љубов не допира до нас, што ако креативноста ни е блокирана и не доаѓа до израз...

” Емоционалното исцелување е најголемиот дар кој можете да си го подарите себе си! “

Family00
Што е наследена емоција?

Можеби сте забележале сличности во однесувањето помеѓу дедото, таткото и синот, како лесно губат контрола и се лутат? На ист начин како што можете да ја наследите бојата на очите, формата на носот...

Зошто е важно емоционалното исцелување?

Разбирањето на емоциите од холистичка перспектива може да ни помогне подобро да се справиме со нив во тешките моменти. Денес, поради пандемијата, луѓето чуствуваат страв и загриженост од оправдани ....

Forgiveness-scaled-e1582229617204
Како ослободувањето на потиснатите емоции може да ни помогне во исцелувањето?

Лесно е да се разбере важноста за грижата на нашето физичко тело. Го гледаме, го чувствуваме и се движиме низ светот во него. Нашата физичка појава е првото ...

happiness
Како изгледа една сесија?

Сесиите кои се практикуваат со методот The Emotion Code можат да се изведуваат со ваше лично присуство, но и не мора, бидејќи овој метод совршено функционира и на далечина. Убаво би било пред да се започне...

Симптоми кои укажуваат на емоционален товар

Придобивки од емоционалното ослободување