Безболно, Брзо и Лесно
Ослободи се од заробените емоции
Што е наследена емоција?
Можеби сте забележале сличности во однесувањето помеѓу дедото, таткото и синот, како лесно губат контрола и се лутат?
На ист начин како што можете да ја наследите бојата на очите, формата на носот од вашиот татко, мајка или вашите предци, така можете да ја наследите и нивната негативна емоција. Наследената емоција е различна од било кој друг вид на заглавена емоција, бидејќи енергијата од емоцијата ви е пренесена во моментот на зачнувањето. Многу е веројатно, но не секогаш, и вие да сте ја пренеле истата наследена емоција на вашите деца.
Убавината од ослободувањето на ваквата емоција е во тоа што кога се ослободува, таа не само што се ослободува од вас, туку се ослободува од вашите предци, но и од вашите идни поколенија ако ја наследиле. Овој метод е навистина моќна алатка кога станува збор за тргање на негативните емоции кои претставуваат невидлив емоционален товар.