Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Како изгледа една сесија?

Сесиите кои се практикуваат со методот “The Emotion Code” можат да се изведуваат со ваше лично присуство, но бидејќи се работи со енергија вашето физичко присуство не е потребно, овој метод совршено функционира и на далечина.  Пред да се започне добро е да се знае:

– Aко се работи на вас потребна е ваша согласност, име и возраст. Доколку се работи на вашето малолетно дете, потребна е согласност од родител.

– Да сте добро хидрирани, релаксирани и отворени за ваков вид на исцелување. Иако одлично функционира и кај луѓе кои не веруваат и се скептични.

– За време на сесијата, со помош на конкретна техника, се започнува со пронаоѓање, идентификација и ослободување на заглавената емоција која може да биде причина за вашиот физички, емоционален или ментален проблем. Убавината, кога се практикува со оваа метода, е во тоа што вие не треба апсолутно ништо да правите. Исто така важно е да се напомене дека вашите лични искуства, непријатни настани, трауми кои сте го доживеале во минатото, не треба да ги споделувате со мене, освен ако самите сакате да го направите тоа.

Вообичаено, во една сесија, можат да се идентификуваат а потоа и да се ослободат околу десеттина заглавени негативни емоции. Но може да се случи вашето тело да ослободи само една или две до три негативни емоции, што секако е во ред. Верувајте му на вашето тело, тоа точно знае колку емоции може да ослободи и по кој редослед сака да ги ослободи. Идентификуваните емоции ви се праќаат по имејл или во порака. Времетраење на една сесија е околу 30 мин.