Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Како ослободувањето од потиснатите емоции може да ни помогне во исцелувањето?

Лесно е да се разбере важноста за грижата на нашето физичко тело. Го гледаме, го чувствуваме и се движиме низ светот во него. Нашата физичка појава е првото нешто што го забележуваме кога се среќаваме со другите луѓе и првото нешто што тие го забележуваат кај нас.

Можеби токму поради ова поминуваме повеќе време размислувајќи за нашето надворешно јас, отколку за нашето внатрешно јас. Ваквиот начин на размислување има тенденција да влијае на нашиот пристап кон лекувањето, при што физичкото тело се третира многу почесто отколку емоционалното. Се верува дека за многу физички проблеми, како главна причина е токму емоционалната болка и тие не можат да се излечат само со физички терапии. Силните емоции од некои тешки и трауматски искуства можат да останат заробени во телото и да предизвикаат физичка како и емоционална непријатност.

Кога телата се третираат само физички, преку апчиња, масажа или операција, непријатноста може да се врати. Иако понекогаш болестите и физичките повреди треба да се третираат со класична медицина,  сепак се верува дека основната причина за непријатностa ни укажува на потребата од емоционално исцелување.

Кога  во основата на физичките проблеми, болки, се негативните емоции, исцелувањето одвнатре е нужно за олеснување или целосно оздравување од истите. Исцелување одвнатре значи соочување со себе си, нашето минато, нашите внатрешни стравови и вистини. Секако ова не е така лесно нешто што може да се направи. Во денешново модерно општество учени сме да ги избегнуваме работите кои се тешки или болни. Полесно е да се испие некоја пилува или да  се осврнеме кон работи кои ни го одвлекуваат вниманието како телевизија, социјални медиуми, алкохол, или други видови на самолекување.  И покрај тоа што може да изгледа како голем предизвик, на крајот емоционалното исцелување може да биде неопходно за трајно подобрување.