Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Што е “The Emotion Code”?

За да се разбере како функционира енергетското исцелување треба да се знае дека сè во универзумот, според квантната физика, е енергија. Кога се размислува за тоа од што е направено човечкото тело, прво што ни паѓа на памет е месо, коски, крв, што и не е погрешно.

Но многу луѓе се изненадени кога дознаваат дека ние сме всушност создадени од енергија. Човечкото тело пулсира со енергија. Интересно е тоа што, кога ќе се дојде до најситниот дел од нас, субатомските „честички“ што го сочинуваат атомот, ќе се види дека ние сме буквално направени од чиста енергија.

“Она што го нарекуваме материја, всушност е енергија чија вибрација е успорена како би била забележана од нашите сетила”. 

Алберт Ајнштајн

Енергијата не може да се создаде или уништи; може само да се менува од една форма во друга. Нашите мисли, намерите што ги поставуваме и емоциите што ги чувствуваме се исто така енергија. Човекот како едно уникатно енергетско битие,  претставува една целина составена од тело, ум и дух, па оттука произлегува дека ние не само што имаме физичко здравје,  имаме ментално, духовно и емоционално здравје. Ако една од овие состојби не е во рамнотежа од било која причина, енергијата во нас може да биде дисбалансирана, блокирана, нема слободен проток и може да се јави некое нарушување или болест.

Енергетското исцелување е неинвазивна холистичка практика која ги манипулира, канализира и балансира овие енергии за да ги одржи умот, телото и духот што е можно поздрави како би се чувствувале целосно, прекрасно и во состојба на рамнотежа во секој поглед.

Основната цел на техниките за енергетско исцелување е одржување и обновување на протокот на енергија на телото, каде акцентот најчесто се става на решавање на проблемите поврзани со емоционални, духовни и физички заболувања.

Според американскиот киропрактичар, холистички исцелител, учител и креаторот на методата,  “The Emotion Code”,  Д-р. Бредли Нелсон, голема улога во дисбалансирањето на телото, односно 90%, имаат токму емоциите. Поточно негативните емоции кои од некаква причина останале заробени, потиснати во енергетското тело. Овие “заробени” емоции освен што можат да влијаат врз физичкото здравје, тие исто така можат да влијаат и на менталното и емоционалното здравје. После долго годишно искуство во неговата работа, тој  креира едноставна  и изненадувачки лесна и брза енергетска метода. “The Emotion Code” е трансформативна, нежна и моќна енергетска метода која  помага да се идентификуваат и ослободат негативните емоции, без повторно да се доживуваат немилите настани од минатото.