Безболно, Брзо и Лесно
Ослободи се од заробените емоции
Зошто е важно емоционалното исцелување?
Разбирањето на емоциите од холистичка перспектива може да ни помогне подобро да се справиме со нив во тешките моменти. Денес, поради пандемијата, луѓето чуствуваат страв и загриженост од оправдани причини. Многумина останаа без своите работни места но исто така многумина останаа и без своите најблиски.
Во време на неизвесни случувања како овие, нормално е да се чувствувате вознемирени, бидејќи никој не може со сигурност да каже што ќе следи. Природно е да сакате да ги проверите вестите на телевизија или на социјалните мрежи за да се види што се случува. Но, ова може да стане проблем ако постојано се активира импулсот за борба или бегство на вашите тела.
Не можеме да ги контролираме сите случувања што се случуваат околу нас, но има работи што можеме да ги направиме за да го заштитиме нашето емоционално здравје. Се’ започнува со разбирање на тоа како нашите емоции – и оние што ги доживуваме во сегашниот момент но и оние што одекнуваат од минатото – можат да влијаат на нашето ментално и физичко здравје.
Да се биде емотивно здрав не значи да сте секогаш среќни. Да се биде емотивно здрав, всушност значи дека вие преземате чекори за да станете свесни за вашите емоции со цел да можете полесно да се справите со нив. Може да се чувствувате лути, под стрес или тажни од време на време, но ќе знаете како да управувате со овие чувства и ќе знаете да го препознаете моментот кога можеби ќе ви треба мала помош за да си ги средите емоциите.