Безболно, Брзо и Лесно
Ослободи се од заробените емоции
ШТО Е ЕМОЦИЈА?
Каков би бил нашиот живот без емоции? Дали би знаеле што е радост, љубов, тага, лутина? На каков начин би се изразувале нашите состојби? Да се живее во свет без емоции сигурно би било необично.
Но што е Емоција?
“Емоција е всушност нешто -ЕНЕРГИЈА- што може да се остави зад себе”
-Д-р. Бредли Нелсон
Емоцијата е краен резултат што се создава кога некој гледа на некоја ситуација од своја перспектива. Таа го изразува односот на човекот кон настаните, кон предметите и другите луѓе, како и односот кон самиот себе, своите постапки и доживувања. За да имаме подобра претстава за неа, можеме да ја гледаме како енергија, што всушност и е.
Eмоциите се чиста енергија. Фасцинантно е тоа што секоја емоција вибрира и има своја посебна фреквенција. Иако се разликуваат по степенот на вибрација, можеме да кажеме дека не постојат добри или лоши емоции, сите тие се во ред. Во ред е да се биде тажен, лут, изнервиран, радосен, благодарен бидејќи на таков начин се осознавме и учиме. Во зависност од тоа каква е емоцијата, со таква фреквенција вибрираме. Негативните емоции како вина, страв, гордост, паника, срам, фрустрација имаат ниски фреквенции и ако се негуваат овие емоции, стануваме погодно тло за привлекување на други ниски негативни енергии.
Но ова не значи дека не треба да ги чувствуваме емоциите, баш напротив, набљудувајте ги малите деца кои доживуваат разочарување, страв, фрустрација или лутина. Тие целосно ја изразуваат емоцијата и завршуваат со неа. Значи да се реагира е нормално. Но прашењето е колку долго ќе дозволите да живеете со емоциите од таа реакција, од тој настан?