Безболно, Брзо и Лесно
Ослободи се од заробените емоции
ЗА МЕНЕ
Ви благодарам што одвоивте време да дознаете нешто повеќе за енергетското исцелување и за она што го работам. Секако не сте случајно тука и читате баш за негативните емоции кои и те како можат да ни влијаат врз секој поглед од нашиот живот и целокупно здравје.
За почеток би сакала да ја споделам мојата приказна и како енергетското исцелување стана мое секојдневие и практика. На 36 години за првпат се соочив со проблеми во долниот дел на грбот. Имав големи болки кои ми претставуваа проблем во извршувањето на секојдневните обврски. Пробав со одредени вежби, масажи, јога, креми за мачкање на болното место, но не почуствував некое подобрување. Во овој период доживеав и емоционална болка, загуба на моја блиска и сакана личност. Стрес, тага, болка сето ова влијаеше на мене и на мојата целокупна благосостојба.
Со текот на времето, физичката болка почна да ми смета во спиењето. За да ја променев страната на спиење, се будев, се вртев, ја наоѓав соодветната позиција за да немам болка и повторно заспивав.
Бидејќи немав некои поголеми резултати од дотогашните преземени мерки, се одлучив да пробам еден друг вид на лекување, енергетски. Пред неколку години, поточно во 2019 година, за првпат слушнав за квантна медицина. Бев спремна и отворена за таков вид на лекување. После неколку терапии мојата целокупна здравствена состојба се подобри, но болката, сеуште ја чуствував на истото одредено место.
На почетокот од 2020 година наидов на видео во кое се прикажуваше како енергијата на “заробените” негативни емоции, имаат голема улога врз нашиот живот и како тие можат да влијаат врз нашите одлуки, врз остварувањето на нашите цели, да предизвикаат депресија, анксиозност, да предизвикаат емоционална но и физичка болка. Никогаш дотогаш не сум помислила дека една потисната емоција може да направи таков дисбаланс па дури и физичка болка на нашето тело и целокупно здравје. Забрзано почнав да ја учам техниката и за кратко време ја совладав, и секако најпрво ја применив на себе. После втората сесија во која се ослободија само две емоции, без никакви очекувања, само после десет минути…олеснување… болката ја снема. Изненадена и со неверување на сопствените очи, во тој момент знаев дека ова е мојот пат. Од тогаш не само што болката не се врати повеќе, туку и моите погледи кон животот и луѓето се променија. Трансформацијата во мене се случуваше постепено, чуствував мир, леснотија, смиреност. Сакајќи и другите да ја почуствуваат благодетта од ослободувањето на емоциите почнав да работам и на своите најблиски роднини и пријатели, па и пошироко. Желбата да се сертифицирам за практикување на методот The Emotion Code стана моја реалност.