Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

ЕНЕРГЕТСКИ ЅИД ОКОЛУ СРЦЕТО

Срцeто е многу повеќе од тоа што знаеме за него како најважен орган во нашето тело. Тоа е извор на љубов и креативност.
Но што ако таа љубов не допира до нас, што ако креативноста ни е блокирана и не доаѓа до израз, што ако не можеме да го слушнеме гласот на срцето?
Во текот на нашиот живот на некој начин сите сме искусиле некаква болка. Таа физичка сензација се јавува како “болка” во срцето, стегање на градите и грлото, и може да е последица од некоја траума, тага по загубена блиска личност или милениче, кога некој не повредил, проблеми во врската, во бракот, развод.
Во ваквите моменти, нашата подсвест креира енергетски ѕид составен од негативни потиснати емоции околу нашето срце со цел да не заштити од болката која ја чуствуваме. Всушност во тој момент, ние го затвораме нашето срце и не дозволуваме да ни се случуваат понатамошни повредувања.
Со овој енергетски ѕид, ДА, ние сме заштитени од болка и тоа е во ред во тој момент, но не за долго, бидејќи на овој начин сме спречени во давањето и примањето на најубавта емоција за која што знае нашето срце а тоа е ЉУБОВТА. Спречени сме кон исполнувањето на целите кои сакаме да ги постигнеме, се јавуваат чувства на тага, вознемиреност, депресија, и други емоционални проблеми. Според Д-р. Бредли Нелсон и неговото долгогодишно искуство, тој проценува дека 93% од луѓето имаат енергетски ѕид околу срцето. Дали и вие спаѓате во овој процент?