Безболно, Брзо и Лесно
Ослободи се од заробените емоции
Што е Потисната/Заробена Емоција?
Низ животот, од моментот на раѓање па се до сегашниот миг, се случуваат настани во кои секојдневно се изразуваат нашите чувства и емоции.
Моментите на среќа, радост, и љубов споделени со семејството, нaјблиските роднини и пријатели се прекрасни, се чувствуваме сакани, исполнети, позитивни и шириме таква енергија. Но за жал има и моменти кога се случуваат немили настани, како загуба на сакана личност, развод, неуспеси. Тогаш сме ранети, тажни, осамени, изгубени, се чувствуваат емоции кои влијаат негативно врз нашето здравје и целокупна благосостојба.
Понекогаш емоциите со кои се соочуваме во дадена ситуација се премногу тешки за да можеме да се справиме со нив. Во таков случај, емоцијата може да биде изигнорирана, да се потисне длабоко во себе со цел да се избегне непријатното чувство или емоционалната болка. Со одолговлекување и не соочување на негативните емоционални енергии, нивната ниска фреквенција може да доведе до дисбаланс на енергетското тело.
Овие не конфронтирани, ,,необработени” негативни енергии можат да ве спречат да спиете добро, да предизвикаат напнатост, да се чувствувате лути, депресивни, виновни, вознемирени или исплашени. Значи, потиснатите емоции се емоции кои никогаш не биле целосно процесирани и ослободени во моментот кога се случиле или во одреден временски период. Иако овие енергии не се видливи тие се многу реални. Според, Д-р Бредли Нелсон, потиснатите емоции се буквално енергетски топки кои имаат форма и големина.
Негативната енергетска топка може да се лоцира на било кој дел од телото каде веќе има некој вид на дисбаланс, слабост или некоја повреда. Тие можат да ја попречат правилната функција на органите и ткивата, создавајќи хаос на физичкото здравје предизвикувајќи болка, замор па дури и болест. Бидејќи негативните емоции емитуваат ниски фреквенции, мноу е веројатно ткивата или органите кои се наоѓаат под оваа енергетска топка да почнат да вибрираат со истата фреквенција како и емоцијата која е заглавена.
Да претпоставиме дека имате заробена емоција на лутина. Оваа енергетска топка ја носите со вас години не знаејќи дека ја имате. Како резултат на тоа, кога и да се најдете во ситуација каде би можеле да се лутите, многу е веројатно дека ќе се налутите, бидејќи на еден фасцинантен и буквален начин, дел од вас веќе се лути. Со ослободување на емоцијата на лутина вие нема повеќе да вибрирате со таква фреквенција и нема така лесно да бидете испровоцирани и да се налутите.
Можеби изгледа многу едноставно за да верувате, но штом ќе се ослободите од потиснати/заробени емоции и ги доживеете благодетите, тогаш ќе разберете. Ефектот е неспоредлив со било која друга форма на терапија