Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Што може да се очекува после сесија на ослободување од емоциите?

По завршувањето на сесијата, започнува процесот на самоизлекување односно балансирање. Секоја работа со енергија се базира врз отстранување на енергетските блокади, што значи, местата на кои енергијата била блокирана, повторно добива можност слободно да се движи.

Искуствата можат да варираат од личност до личност и од сесија до сесија. Кај повеќето клиенти, промените можат да се почуствуваат веднаш, како леснотија, мир, позитивност, намалување или потполно исчезнување на болка. Кај други клиенти промените се случуваат суптилно и им треба подолг временски период од неколку денови или недели, но тоа не значи дека кај нив не се случува промена. Нивните погледи кон животот можат да се сменат, стануваат попозитивни, помирни, пољубовни, се трансформираат во подобра верзија од себе си. Како и да е, во деновите на процесирањето станете свесни за себе, набљудувајте ги промените што ќе се случуваат во вашето тело, но и во вас.

Кога балансирањето е започнато, важно е да му се овозможи време и услови на телото да се адаптира на промените, да се реорганизира за да ја врати својата рамнотежа. Вистинското исцелување е процес, и не е нешто што би можело веднаш да се реши во една сесија. Ако во текот на вашиот живот сте искусиле трауматични настани, стравови, депресија, осаменост, најверојатно ќе ви требаат повеќе сесии. Пијте многу вода, хранете се здраво, дајте си одмор и дозволете му на вашето тело да се самоизлекува. Во деновите на започнатото процесирање можеби ќе се почуствувате поспани, поемотивни, на пример, ако тагата е идентификувана како заробена емоција, може да почувствувате одредена тага во овој период на обработка. Може да доживеете и поживописни соништа и/или промена во расположението. Но може и ништо да не почуствувате од наведеното. Траењето на симптомите е кратко и трае еден до два дена.