Што може да се очекува после сесија на ослободување од емоциите?

По завршувањето на сесијата започнува процесот на самоизлекување односно балансирање. Секоја работа со енергија се базира врз отстранување на енергетските блокади, односно местата на кои енергијата била блокирана, повторно добива можност слободно да се движи. Искуствата по сесијата може да варираат од личност до личност и од сесија до сесија. Кај повеќето, тие промени можат да се почуствуваат веднаш, како леснотија, мир, намалување или потполно исчезнување на болка,  додека кај други се случуваат суптилно и им треба подолг временски период од неколку денови или недели, но тоа не значи дека кај нив не се случува промена. Нивните погледи кон животот се менуваат, стануваат попозитивни, помирни, пољубовни, се трансформираат во подобра верзија од себеси. Како и да е, во деновите на процесирањето станете свесни за себе си, набљудувајте ги промените што ќе се случуваат во вашето тело, но и во вас.

Кога баланситањето е започнато, важно е да му се овозможи време на телото да се адаптира на промените, да се реорганизира за да ја врати својата рамнотежа. Вистинското исцелување е процес и не е нешто што би можело веднаш да се реши во една сесија. Ако во текот на вашиот живот сте искусиле трауматични настани, стравови, депресија, осаменост, најверојатно ќе ви требаат повеќе сесии.Пијте многу вода, хранете се здраво, дајте си одмор и дозволете вашето тело да се самоизлекува. Во деновите на започнатото процесирање можеби ќе се почуствувате поспани, поемотивни, на пример, ако тагата е идентификувана како заробена емоција, може да почувствувате одредена тага во овој период на обработка. Може да доживеете и поживописни соништа и/или промена во шемите на спиење. Може да имате зголемување на симптомите во овој период. Ако се чувствувате добро ден или два, а потоа симптомот се врати или се влоши, тоа е начинот на кој вашето тело сака да ви каже дека сте на вистинскиот пат; сепак, има уште малку работа да се заврши.