Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Нашето Срце

Дали сте знаеле дека срцето генерира од 60 до 1000 пати повеќе електромагнетна енергија отколку нашиот мозок и со тоа станува најмоќниот орган кој го имаме?

За прв пат електричното поле на срцето е измерено со откривањето на машината наречена електрокардиограм или ЕКГ во 1895 година.
Не така одамна развиена е нова машина наречена магнетокардиограм (МКГ) со која се мери само магнетното поле на срцето. Резултатите се изненадувачки, откриено е дека магнетното поле на срцето се протега на неколку метри оддалеченост околу телото. Од ова произлегува дека срцето е многу повеќе од обична пумпа како што се мислеше дека е во почетокот на минатиот век.
Оваа совршена мала машина, во просек тешка околу 280 грама со големина колку една тупаница, поседува одредено ниво на интелегенција за кое денес научниците веруваат дека срцето е всушност нашиот “втор мозок”.
Со користење на напредна технологија научниците денес се во можност да потврдат некои работи за срцето за кои не можеле ниту да замислат. Како на пример:

– Со секое отчукување срцето испраќа пораки до сите клетки во телото.

– Мозокот во нашата глава ги слушa пораките испратени од срцето.

– Срцето може самостојно да “размислува”.

– Срцето има способност да “памти” работи.

Кога мозокот и срцето се синхронизирани, функционираат заедно, телото и умот се во состојба на мир, чувствуваат и испраќаат љубов и благодарност. Но кога мозокот и срцето не функционираат заедно, тогаш се наоѓаме во состојба на стрес.