Безболно, Брзо и Лесно

Ослободи се од заробените емоции

Кој е Д-р. Бредли Нелсон?

Д-р Бредли Нелсон е еден од најистакнатите светски експерти во поновите области на Биоенергетската Медицина и Енергетската Психологија. Креатор е на најнапредната форма на енергетска медицина на планетата. Автор е на познатата книга ,,The Emotion Code’’ во која е опишано чекор по чекор пронаоѓањето и ослободувањето на негативните емоции. Оваа книга им помага на луѓето ширум светот да си го подобрат и балансираат својот живот преку ослободување на нивниот невидлив емоционален товар. Многумина од корисниците на методата ,,The Emotion Code’’ изјавиле дека се ослободиле од емоционални проблеми како тага, анксиозност, лутина, огорченост, страв но и од физички проблеми како изнемоштеност, непријатност, па дури и болест. 

 Клучен елемент во оваа метода е откритието, од страна на Д-р. Нелсон, нареченo ,,Ѕид околу срцето”. Овој кластер од негативни емоции околу срцето е и ,,најважното откритие во енергетската медицина”

Д-р. Нелсон дипломирал со почести на Life Chiropractic College West  во Сан Лоренцо, Калифорнија во 1988година.

Работејќи како холистички киропрактичар тој им помагал на луѓето кои страдале од синдром на хроничен замор и фибромијалгија.  Успешно им помагал на пациенти од Соединетите Американски Држави и Канада се до неговото пензионирање во 2004 година. Од 1995година Др, Нелсон држи предавања на меѓународно ниво за ублажување на хронични и неизлечиви болести преку енергетска работа и враќање на рамнотежата во телото за подобро здравје и самоисцелување.

Овој широко познат говорник и надарен учител несебично го пренесува сето свое знаење со една единствена цел, преку emotion code да си помогнеме себе си но и на своите најблиски.

,, Мојата цел е да ви дадам знаење што ќе ви помогне да станете енергетски практикант. Верувам дека е ова ваше право од самото раѓање: да знаете како да си помогнете на себе си и на вашите најблиски, да се ослободат од нивниот емоционалн товар и нивните Ѕидови околу срцето, за сите да можат да го достигнат својот полн потенцијал.”

-Д-р. Бредли Нелсон